Дождот дополнително му наштетува на преполовениот род на грозје

Објавено на 10 септември, 2014 во 13:45

Обилниот дожд кој изминатата недела врнеше во Тиквешијата направи дополнителни проблеми во лозарството. Родот на грозје кој годинава беше преполовен поради штетите од болести и од град,  има дополнителни штети од дождот.

Лозарите допрва ќе ги сумираат но првично се разочарани, бидејќи некои од нив ќе неможат да скинат ниту еден квалитетен грозд.

Потфрлување има кај квалитетот и на трпезните и на винските сорти.  Експертите ценат дека годинава производителите се соочија со екстремни временски појави поради што и штетите беа неизбежни.

„Дополнителната влага од дождот ја намалува шеќерноста на грозјето но е причина и за гниење на гроздовите. Почната е појава на пукање на зрната“, објаснува проф д-р Ристо Вучков.

Лозарите покрај тоа што не се задоволни од понудената откупна цена на грозјето дополнително ги револтира и одредената грaница за шеќерни единици. Сметаат дека визбите треба да го намалат прагот на шеќерност,  како основен услов за откуп на грозјето, бидејќи тешко годинава да се постигнат бараните 19  и повеќе шеќерни единци./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.