Бремените жени можат да посетуваат стоматолог!

Објавено на 13 септември, 2014 во 12:13

Гинеколозите и стоматолозите се договорија и ги отстранија табуата кои преовладуваа,  дека бремена жена не смее да посетува стоматолог за време на бременост.

На денешниот  меѓународен симпозиум што се одржа во Кавадарци гинеколози од гинеколошката клиника во Скопје и стоматолози од стоматолошкиот факултет во Белград разговараа на тема „Превенција и терапија на стоматолошките заболувања кај трудници“. Беше заклучено дека и во текот на бременоста, жената може да ги добие стоматолошките услуги за правење и вадење на заби и некои помали хируршки интервенции, но е потребно поголема претпазливост.

 

„Оралното здравје е важен дел во општото здравје на жената во бременоста од една страна и може да влијае на здравјето на идното дете од друга страна. Промените што се случуваат за време на бременоста значително влијаат на оралното здравје.Но за жал оралното здравје најчесто е занемарено во тој период. Промените на гингивата и парадонциумот се многу чести за време на бременоста. Сооглед дека се зголемува нивото на стероидни хормони во крвта доаѓа до посебна врста на гингивитис, труднички гингивитис.“ рече во своето предавање проф. Д-р Мирјана Ивановиќ од Стоматолошкиот факултет во Белград, Клиника за детска и превентивна стоматологија и нагласи дека многу е важно мерките за превенција  да се спроведат што е можно порано пред бременоста и дека на прво место е воспоставување на високо ниво на орална хигиена и правење на индивидуален план за потребите на секоја бремена жена.

„На денешниот симпозиум ја избравме оваа тема за да ги  усогласиме ставовите,  се со цел бремената жена кога ќе дојде на стоматолог да добие најдобра можна заштита. Денеска се разбиваат и некои табу мислења кои досега постоеле, а мислам и дека сеуште постојат. Најголема дилема на една беремена жена е дали смее да посетува   стоматолог и да обавува стоматолошки интервенции. Денеска гинеколозите и стоматолозите се договорија дека за време на бременост,  жената може слободно да го посетува  стоматолог и да се врше санација на своето забало.“ рече д-р Весна Чемерска Попова, претседател на Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.