Патот Ресава-Бегниште се афалтира-полесно ќе се пренесува грозјето
Еден од најфрекфентните локални патни правци во кавадаречко, патот Кавадарци-Ресава-Бегниште добива целосно нов асфалтен слој. Деновиве интензивно се работи на реконструкција на преостанатата делница Ресава – Бегниште во должина од 4 километри и широчина од 5,5 метри. Се поставува нов слој на асфалт и нови шанци и канафки.
Од локалната самоуправа се надеваат дека со асфалтирање „Гранит“ ќе заврши овој викенд.
„ Реконструкцијата на патот се врши со државни пари, а беше овозможена благодарение на домаќинското работење при реконструкцијата на делницата Кавадарци-село Ресава, при што од тој Буџет останаа 20 милиони денари. На барање на општината Владата преку надлежното министерство ги намени овие пари за продолжување на работите на патот од Ресава до Бегниште, а за заокружување на целосната финансиска конструкција беа повлечени и пари од странските инвеститори“ рече градоначалникот на Кавадарци, Алксандар Панов.
Жителите од овој дел на општина Кавадарци се задоволни што ќе можат конечно да се движат по целосно реконструиран пат, но апелираат до сите кои ќе минуваат по него, да ја ограничат брзината на движење на своите возила, за да не се случуваат незгоди, како што тоа беше веднаш по асфалтирањето на патот до селото Ресава, кога се случија неколку сообраќајни несреќи, токму поради брзо возење по новиот афалт.
Овој патен правец се наоѓа на брегот на Тиквешкото Езеро каде особено во лето многу граѓани се движат до своите викендици, секојдневно минуват сопственциите и вработените во неколкуте рибници. Она што е посебно значајно, најдобриот лозарски реон во кавадаречко добива нов пат за полесно да се транспортира квалитетното грозје. /А.Д
