Полицијата фати продавач на марихуана додека ја продавал
Во рутиснка контрола на кавадаречката полиција фатен е продавач на дрога од Кавадарци. Полицијата го затекнала во моментот додека му ја продавал дрогата на нарко зависник.
По извршениот претрес, кај продавачот е пронајдена марихуана во количина од 20 грама , а ова лице и лицето купувач се приведени и задржани во кавадаречката полиција на распит.
Од Полицијата потврдуваат, но не ги откриваат иницијалите на продавачот и купувачот, бидејќи случајот сеуште е во истрага. Дознаваме дека бил извршен претрес во возилата и домовите на двајцата.
Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска рече дека против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. Од кавадаречката полиција пак, нагласуваат дека ќе се интензивираат рутинските контроли и активно ќе се работи на откривањето на продажба на наркотични дроги. /А.Д
