Се зголемува цената на медот

Објавено на 26 септември, 2014 во 12:34

Цената на медот почна да расте, па така килограм мед може да се купи од 300 до 600 денари. Според стручњаците тоа се должи на недоволните количини на мед кои ги има во земјава, па да се подмират потребите ќе мора да се увезува мед.

На граѓаните кои се љубители на здравата храна и на кои медот им е секојдневно на трпеза веќе добо ги знаат новите цени. Пред неколку месеци килограм мед на пазарот во Кавадарци се продаваше по цена од 220 до 250 денари за килограм, а сега цената достигна до 300 денари.

„Во Макеоднија ќе нема доволно мед за да се одмират потребите на нашиот пазар. Највисока цена медот достигна во Дебар, каде се продава по 10 евра, во Струмица килограм мед чини 500 денари. Затоа прекупците сега се најмногу заинтересирани за овој производ„ рече претседателот на здружението на пчелари„Златна матица“, Горан Колев.

Долгогодишниот и искусен пчелар, Ристе Грозданов оценува дека годинашново производство на меде нешто помало од просечното, а причината ја гледа во тоа што многу пчелари годинава немаа принос.

„И во соседна Бугарија и Србија нема доволно мед, па нема од каде да се увезува. Постои стравување дека на пазарите ќе се појавува лажен и неквалитетен мед, на што треба посебно да внимаваат купувачите“ рече Грозданов./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.