Првите такси возачи ја минаа обуката, сега можат да полагаат за сертификат

Објавено на 1 октомври, 2014 во 14:18

Седумнаесет такси возачи од Кавадарци денеска добија потврда за завршена дводневна обука за добивање на сертификат за авто такси возач. Тие ја минаа обуката, а сега со издадените потврди ќе се пријават во локалната самоуправа за да полагаат за сертификат, а со тоа да станат професионални возачи на такси возила.

Оваа обврска ја имаат сите кои се занимаваат со превоз на патници, а општината ја овласти авто школата „Алф“  да ги спроведува обуките за возачите.

„Согласно измените на законот за за превоз во патниот сообраќај секој возач на такси возило мора да поседува сертификат за завршена обука“ рече сообраќајниот инспектор во локалната самоуправа Драган Рамов. Тој е задоволен од динамиката по која се спроведуваат обуките и се надева дека за кратко време сите возачи ќе се здобијат со сертификати./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.