Од излеани фекалии поцрне реката Луда Мара
Објавено на 6 октомври, 2014 во 15:24
Низ Кавадарци се шири непријатна миризба од водата во реката Луда Мара која доби црна боја. Причина е затната канализација на улицата „Слога“ рекоа од јавното комунално претпријатие.
Раководителот на работната единица за водовод и канализација Марјан Прескакулев смета дека од затнатата улична канализација дошло до прелевање на фекалиите во атмосферската канализација.
“Интензивно се работи на отстранување на проблемот,“ рече Прескакулев за МИА.
Упати и апел до кавадарчани да не фрлаат комиње во канализационата мрежа на градот .
