„Изворска“ со нова амбалажа!
Природната, негазирана вода „Изворска“ од Кожувчанка – Кавадарци е комплетно ребрендирана во поглед на дизајнот, а истата е надградена и со нова, производствена линија.
Од компанијата информраа дека сега, „Изворска“ е во нова еко амбалажа со -30% користена пластика и подобро сочувана свежина поради усовршеното, широко грло за лесно отворање-затворање кое нуди и посебен третман при полнење на водата. Капачето е помало за 50% со што е намален пластичниот отпад драстично.
„Новата Изворска е со чист, едноставен дизајн, а решението за ребреста амбалажа ја прави лесно рециклирачка за секој корисник. За водата Изворска, полнета од најчистиот предел, локалитетот Васов град – Кожуф планина, како и до сега гарантира Кожувчанка од Кавадарци, синоним за традиција и квалитет! “ велат од компанијата и нагласуваат дека сега „Изворска“ на пазарот е достапна покрај во пакување од 1,5л и 0,5 л и во 1 литарско шише.
