Им го вратиле детето изгризано од градинка, родителите бараат одговорност

Објавено на 22 септември, 2015 во 13:10

Со три угризи и белези од заби им ја вратиле ќеркичката од градинка. Родителите на едноипол годишното девојче преку фејсбук информираа за траумите низ кое минало нивното дете, како што велат, поради невнимание на воспитувачките.

 

Таткото на девојчето, Далибор Петков, бара одговорност од вопситувачките на кои им било оставено нивното дете.  Вели дека нема да поденсуваат приватна тужба доколку се побара одговорност од воспитувачката, а во спротивно ќе ја тужеле градинката.

Петков бара средба со директорката на градинката. Рече дека имале лекарска потврда за повредите на нивната ќерка, на која  и зарипнал гласот од плачење поради повредите. Ја носеле на лекар и девојченцето морало да прима инхалација.

„Кога сопругата отиде да го земе детето од градинка и било речено дека вопситувачката  фрлала пелена во мемент кога се случил инцидентот, но не верувам, детето е каснато на три места, можело да биде и повеќе повредено.  Од седум месеци го носиме детето во градинка, ова за прв пат се случува“ рече Петков.

Директорката на градинката, Снежана Ганчева информира дека веднаш откако дознала за случајот преку фејсбук отишла во градинката да го испита случајот. Бил изготвен записник и покренала дисциплинска одговорност против воспитувачката. За случајот ја известила локалната самоуправа и Министерството за труд и социјална политика.

„Стварно ми  е жал за овој случај. Случајот не ми беше пријавен, а тоа  е наjголемата  грешка, бидјеки имаме законска обврска да се направе записник за настанат инцидент и да се повика директорот на институцијата. Дознав од фејсбук. Денеска бев да го испитам случајот, како е настанат инцидентот. Вината е што не сме известени на време за овој случај. Земавме изјави. Мој став е дека има грешка кај нашата негователка. Во тој момент фрлала пелена. Фрлајќи ја пелената друго дете го напаѓа ова дете што е изкасано“ рече Ганчева./ A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.