IN MEMORIAM Почина Васко Чукарков – сопственик на радио „Галакси“ Кавадарци
Објавено на 9 декември, 2019 во 12:02
Во 46-та година од животот вчера почина Васко Чукарков, сопственик на Радио „Галакси“ Кавадарци и претседател на Асоцијацијата на локални радија на Македонија. Чукарков целиот свој живот го помина како медиумски работник, посветен на радиото. Беше познат како ди-џеј Бозо.
Погребот е денеска на градските гробишта во Кавадарци од 14 до 15 часот.
Почивај во мир, драг колега