435 нови заболени од грип во Кавадарци минатата недела

Објавено: 11 февруари, 2020, во 14:11 часот

zdravendom fn

Минатата недела во Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентирани 435 нови заболени од грип, што е највисок број на заболени од почетокот на оваа сезона.

„Вкупниот број на заболени сезонава се искачи на 952 болни. Најмногу заболени има во возрасната група од 5-15 години во која припаѓаат учениците. Потоа со 170 болни е возрасната група од 15 до 64 години и од 0 до 4 години евидентирани минатата недела се 80 грипозни лица“ вели д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Тој исто така информира дека најмал број заболени од грип има во возрасната група од над 65 години, само 6 лица. Како што додава д-р Јовановски, малиот број се должи на имунизацијата кај оваа возрасна група.

Поради поволните временски услови, лекарите предупредуваат дека грипот интензивно ќе се шири и во наредниот период./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.