„Паркот на револуцијата“ во Кавадарци со ново осветлување

Објавено: 20 февруари, 2020, во 14:45 часот

87018362 2651657835058261 5415986213028888576 nНово осветлување ќе добие „паркот на револуцијата“ во Кавадарци каде се сместени неколку бисти на народни херои и значајни личности од историјата на Кавадарци.

Општина Кавадарци преку надлежната служба за одржување на Јавното улично осветлување, поставува нова нисконапонска линија од системот на уличното осветлување, во горното ниво на паркот.
„Во оваа фаза под земја се постави кабел во должина од 200 метри, како дел од проектот за подобрување на јавното осветлување во паркот. Оваа нова мрежа ќе овозможи поставување на нови канделабри кои како надополнување на постојните значително ќе го подобрат јавното осветлување во паркот кој е омилено место за одмор на кавадарчани“ велат од локалната самоуправа.

Исто така оперативата на ЈП „Комуналец“ денес  поставува подземен систем за полевање на горното ниво во „Паркот на Револуцијата“.

86738756 2651660185058026 5145759158666002432 n„ Се постави линија од ПВЦ црево во должина од 200 метри, на која ќе бидат поставени и 14 распрскувачи за полевање на тревата и растенијата во тој дел на паркот.
Во наредниот период ќе се изврши подготовка на целокупната површина за сеење трева како и за обновување на вегетацијата, со кастрење на постојната, како и садење на нови дрва и нискостеблести растенија“ информираат од општината./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.