Нов паркинг простор за уште 60 возила во Кавадарци

Објавено: 14 април, 2020, во 10:42 часот
93136230 2701502703407107 5796635927384162304 n

 
14.04.2020
 
Општина Кавадарци во рамките на комуналната изградба по пат на донација од општествено одговорни фирми: „Кожувчанка“, „Градба промет“, „ЈА-МИ“ и „АС Машини“, изгради нов паркинг простор покрај булеварот „Никола Минчев“со финансиска вредност од околу 1 милион денари. Со овој паркинг места се доби простор за уште 60 возила.
„ Со поставувањето на хоризонталната и вертикална патна сигнализација се заокружи изградбата на паркингот кој се протега на површина од 950 метри квадратни. Претходно на локацијата беа поставени бехатон коцки, се изврши расчистување, ископ на земја, порамнување и тампонирање како подготовка за поплочувањето“ велат од локалната самоуправа.
 
 Паркингот кој се наоѓа во зелената зона ќе биде во функција на граѓаните од тој дел на Кавадарци, како и за потребите на новиот зелен пазар кој се наоѓа во непосредна близина.
Со овој проект општинта урбанизираше простор кој со години беше запуштен. Од таа површина се отстранија непрописно поставените лимени гаражи, се расчисти шутот и се исчисти од обраснати грмушки и трева./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.