Фудбалер од Кавадарци позитивен на Ковид 19
Објавено: 8 јули, 2020, во 09:52 часот
Tриесет и две годишен кавадарчанец е позитивен на Ковид 19, потврдија денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Тој бил фудбалер во фудбалски клуб во Росоман.
„Тестирани се сите фудбалери во клубот, позитивен е само 32 годишниот кавадарчанец. Тој е на домашно лекување“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во моментов се работи на утврдување на неговите контакти./А.Д


