Јанчев: Да ги надминеме партиските интереси за доброто на државата (видео)

Објавено: 26 септември, 2020, во 11:49 часот

jancevПо партиските препукувања на вчерашната  седница на советот на општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев јавно апелираше сите да ги надминат партиските интереси и нагласи дека само со работење во интерес на сите граѓани, може да се постигне добар резултат во општеството.

“Дај Боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме, ако од двете страни го постигнеме истото,  а и вие тоа го сфатите во општеството, државата ќе ни стане како Швајцарија “ – рече Јанчев./

 

Едногласно, советот на општина Кавадарци на вчерашната седница донесе одлуки за изведување настава со физичко присуство во основните и средните училишта. Конечната одлука треба да ја донесе комисијата при МОН.

Се донесоа одлуки и  за субвенционирање на велосипеди и еколошки грејни тела. Градоначалникот Митко Јанчев информира дека за двата основи се одвоени 1,5 милион денари.

„Максималната сума за субвенционирање на велосипед е 3000 денари, а за набавка на еколошко грејно тело до 15.000 денари. Од понеделник ќе биде објавен јавен повик,  а субвенциите ќе се доделуваат по пат на лотарија“ рече Јанчев./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.