Се реконструира уште еден влез во Кавадарци (видео)
Објавено: 10 октомври, 2020, во 10:20 часот
Во тек е последната фаза од реконструкцијата на ул.Шишка во Кавадарци. Денеска се асфалтираше оваа делница, а увид во градежните работи извршија министерот за транспорт и врски Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта Китановски, градоначалникот Јанчев и пратеници од Тиквешијата.
Овој проект предвидува проширување со три коловозни ленти, велодипедско-пешачка патека и ново осветлување./ А.Д


