Панчо Минов задоволен од почетокот на кампањата!
Објавено: 6 март, 2013, во 11:17 часот![]()
Независниот кандидат за градоначалник на Кавадарци “Група избирачи Панчо Минов“ и носителот на листата Златко Јованов изборната кампања ја започнаа со собир на граѓани во неколку избирачки места во Кавадарци.
Од изборниот штаб на “Група избирачи“ информираа дека средбите биле посетени од голем број на граѓани. Пред нив била претставена изборната програма на Минов.
На првиот ден од кампањата кандидатот за градоначалник Панчо Минов и носителот на советничката листа Златко Јованов, имале средби со граѓаните во селата Раец и Шивец.. Вчера изборната програма ја претставиле пред жителите на урбаните заедници “Браќа Досеви“ и “Задругар“, како и во село Дреново. / А.Д
