Кавадаречкиот скијачки центар „Михајлово“ започнува со работа

Објавено на 1 јануари, 2025 во 12:48

Официјалното отворање на Скијачки центар „Михајлово“ се случува во моментов. Центарот располага со ски стаза, ски лифт и сите неопходни елементи за скијачки центар. Центарот се наоѓа на планината Кожув од страната на Кавадарци и оддалечен е околу 35 километри од градот. Локалната самоуправа информираше дека поседува потенцијал за негово развивање и понатамошен туристички развој со ресторанско и хотелско работење како и индивидуални сместувачки капацитети.

На официјалното отворање присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Компанијата „ЈА МИ“ од Кавадарци ги изведе теренските работи преку донација додека   во комплетната инвестиција, исто така, донаторски учествуваа „Комерцијална банка“ и  „Кожувчанка“ ДОО.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License