Колев: Лошата состојба на коловозот на улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ по промената на фекалната канализација е причина за реконструкција

Објавено на 11 јуни, 2024 во 15:07

Се реконструираат улиците „Гоце Делчев” и „Страшо Пинџур” во центарот на Велес. Во тек е гребењето на постоечкиот асфлат по што ќе следи подготовка за комплетната реконструкција   и постилањето со нов асфалтен слој. Двете улици се дел од главните градски сообраќајници.

Градоначалникот Марко Колев, на вчерашната прес конференција, објасни дека пред година и половина на овие улици се менуваше фекалната канализација и дел од коловозот останал во лоша состојба затоа сега целосно се реконстуира.

По завршувањето на реконструкцијата и поставувањето на новиот асфалт ќе следи и поставување на хоризонтална сигнализација поточно одбележување на асфалтот со ленти и со пешачки премини.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.