Криумчар на мигранти со возило со велешки регистарски ознаки повредил осум мигранти и двајца полицајци
Дваесет и четири годишниот М.М од село Идризово управувајќи патничко возило „форд фокус“ со украдени регистарски таблички во Велес, возејќи од Велес кон Каталново, не застанал на стоп знакот даден од страна на полициски службеници и удрил со возилото во две полициски службени возила и во двајца полицајци.
-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил М.М. и еден полициски службеник, а со телесни повреди се здобиле друг полициски службеник и осум лица мигранти, кои ги превезувал во возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Настанот се случил во вторникот, 27 септември, на автопат „Пријателство“ во близина на село Катланово. Увид бил извршен и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева