Кривична пријава за двајца кавадарчани, кај нив пронајдена дрога

Објавено на 18 мај, 2023 во 11:04

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека, ОВР Кавадарци, поднесе кривична пријава против дваесет и шест годишниот О.Н и деветнаесет годишниот М.К од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

-Полициски службеници извршиле контрола во возило „алфа ромео“ со гостиварски регистаски ознаки, со кое се превезувале двајцата, при што кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана, додадоа од СВР Велес.

Исто така, бил извршен и претрес во домот на првопријавениот, при што била пронајдена и
одземена марихуана.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.