Кривична пријава за росоманец, пронајдено оружје во неговиот дом
Објавено на 25 април, 2024 во 14:56
Одделение за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против триесет и две годишниот М.Д од Росоман поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 став 1 од К.З. на Р.С.М.
-Имено на 02.06.2023 со наредба од суд бил извршен претрес во неговиот дом и биле
пронајдени и одземени воздушна пушка „Гамо“ со оптички нишан „Бушнел“, 5 патрони ловна
муниција и 17 боеви куршуми различен калибар, а при претрес на неговото патничко возило
„Опел“ со кавадаречки регистарски ознаки биле пронајдени и одземени 8 патрони ловна
муниција кои ги поседувал без дозвола, објаснуваат од СВР Велес во дневниот билтен.
Дума.мк