Лицата со попречености делеа Осмомартовски честитки и побараа попристапно општество (фото и видео)
Објавено на 7 март, 2025 во 10:28

Беа вредни и изработија минатата недела 90 Осмомартовски честитки лицата со попречености кои се членови на Здружението за церебрална парализа и други попречености во Велес, Денеска дел од нив се радуваа додека своите рачни изработки ги делеа на своите сограѓанки. Кој им помагаше и каква цел имаат појаснува Далиборка Златева, претседателка на ова велешко здружение.
Вредните членови на ова граѓанско здружени денеска изненадија поголем број на свои сограѓанки.





Деведесетте нивни рачно изработени честитки се надеваат дека ќе ги видат многу повеќе жени од бројот што ги добија и особено ќе бидат задоволни доколку ја пренесат пораката „Сите сме еднакви“.
Убавка Јаневска
