Лишен од слобода маж во Велес
Објавено на 1 септември, 2022 во 10:10
Во Велес, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, утрово, го лишиле од слобода И.Е.(61) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден рачно изработен пиштол со две цевки и 16 куршуми, информираат од МВР.
Лишениот од слобода бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.