Маж пукал од автоматска пушка и снимката ја пуштил на Фејсбук, заработи кривична пријава за „предизвикување општа опасност“
Објавено на 27 септември, 2023 во 14:35

Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ за маж од Долно Јаболчиште поднесе Секторот за внатрешни работи Велес. Во пријавата, Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, го осомничи дваесет и четири годишниот Б.Д од село Долно Јаболчиште, во Општина Чашка за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„Пријавениот Б.Д, на 11.09.2023 година, на свадбена веселба во село Горно Јаболчиште, од автоматка пушка испукал повеќе куршуми, за што била пуштена снимка на социјалната мрежа Фејсбук,“ соопшти СВР Велес.
Убавка Јаневска
