Мелов: Во вчерашниот отчет на градоначалникот Јанчев клучните капитални инвестиции се на Владата (видео)
По една година од вториот мандат на градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, во презентираниот отчет, клучните капитални инвестиции во Кавадарци се инвестиции на Владата, а не на локалната самоуправа, рече претседателот на Општинската организација на СДСМ во Кавадарци на денешната пред конференција.
-Во отчетот на градоначалникот наведена е изградбата на детската градинка “Сонце”, проект кој целосно е финансирана од Министерството за труд и социјална политика во вредност од 57.4 милиони денари. Во склоп на овој проект на Министерството за труд и социјална политика, за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светска банка, покрај во Кавадарци беа изградени детски градинки и во други општини. Спортската сала во О.У Страшо Пинџур која исто стои во отчетот на градоначалникот е проект во вредност од 23 милиони денари, реализиран од страна на Министерството за образование и наука, односно на Владата предводена од СДСМ. Ако направиме еден сублимат на проектите кои се ветувани, со кои минатата година се бараше доверба од страна на граѓаните, и што е испорачано после една година, резултатот е разочарувачки. Имено за потесетување на јавноста кои беа дел од клучните капитални проекти и инвестиции врз основа на кои Јанчев побара и доби мандат од Кавадарци.
– Бесплатен оброј за секој ученик
– Изградба на заобиколница Маренски уши- Дрекслер Маер- Југокомерц- Катуниште
– 3Д Кино
– Доградба на спортска сала Јасмин
– Изградба на адреналински парк
– Дестилана во функција на надминување на проблемите со откуп на винско грозј
– Дом за стари лица
– Стационар за згрижување на бездомни кучиња
– Трговски центар
Нормално кога ќе се соочиме со фактите поразителен е процентот на капиталните инвестиции наведени во изборната програма. Она што денес е реалност се прекопани централни градски улици и булевари на кои претходно веќе се потрошени народни пари за асфалтирање и уредување, како и сообраќаен хаос во централното подрачје веќе неколку месеци, додаде Мелов.
Според првиот социјал демократ во Кавадарци, во руралните средини, речиси и да не било инвестирано ништо односно истите биле целосно заборавени од страна на локалната власт
-Пример како функционира градската власт во изминатава година е последното поскапување на партиципацијата за детските градинки на 2.000 денари иако претходно беше гласано на седница на Совет на Општина Кавадарци и подоцна лиферувана вест дека сме првиот град во Македонија каде социјално загрозените семејства нема да плаќаат партиципација. Се зголеми цената на водата за 3 денари, иако во во изминатите пет години за повеќе од двојно се зголемени цените на комуналните услуги. Кавадарци е град заробен во стегите на крупниот капитал. Град во кој немоќните и социјално ранливите, работниците, земјоделците ги плаќаат фактурите на богатите и моќните. Единствена добра работа е што на вчерашниот отчет не беше присутен главниот ревизор Христијан Мицкоски. Имено стана непишано правило дека по секоја посета на ревизорот Христијан Мицковски, некоја градска услуга поскапува, иако собирањето на партиски арач не го пишува во изборната програма. Не добивте народна доверба за таков град градоначалник. Добивте мандат за јавен интерес и добро, додаде Мелов.