Месец мај со најголем број на склучени бракови во Велес

Објавено на 9 јуни, 2023 во 09:40

Сто триесет и два бракови се склопени во првите пет месеци годинава во општина Велес. Најголем број од нив во месец мај кога судбоносното „да“ го кажале 43 парови. Тоа значи дека просечно во трите денови на секој викенд во граѓански брак стапиле по 15 двојки. Исто како и во изминатите години така и во оваа, во матичната служба во Велес на Управата за водење на матични книги, очекуваат во летниот период да се склучат најголем број на бракови во општината.

Од таму додаваат дека традиционално најголем број на двојки за стапување во брак ги избираат месеците мај, јуни и јули. Помал дел го избираат септември додека во останатите месеци на годината граѓански брак склучуваат само по неколку парови.

Според евиденцијата на Матична служба Велес минатата година во општината биле склучени 325 бракови што е за 30 бракови помалку од 2021 година. Оваа бројка е просечна во изминатата деценија во општината.

И минатата година најголем број од браковите, вкупно 43, исто така, биле склучени во месец мај.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.