Млад велешанец загина во сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип

Објавено на 1 август, 2024 во 15:39

На клучката кај село Спанчево, на експресниот пат Кочани – Три чешми, млад велешанец го загубил животот во сообраќајна несреќа, ифнормираат од Министерство за внатрешни работи. Дваесет и едно годишниот Г.К управувајќи патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки излетал од коловозот и од здобиените повреди починал на лице место.

-Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, додаваат од МВР.

Сообраќајната незгода во Полициска станица Кочани била пријавена вчера, на 31 јули, во 09:50 часот и извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.