Младите од Велес се вклучија во подготовката на новата Национална Стратегија за млади 2023-2027 (фото и видео)
Агенцијата за млади и спорт со поддршка на партнерите Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) и Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) продолжува со консултации и јавни дискусии за Националната стратегија за млади 2023-2027 година.
Средбата со младите од Велес се одржа во Младинскиот центар во Градска библиотека „Гоце Делчев“. На средбата Ѓорги Тасев рече:
На консултативниот настан учествуваа сите заинтересирани млади, претставници на формите на младинско организирање, средношколци, студенти и други групи на млади кои дадоа придонес и преку свои предлози учествуваа во креирањето на новата Национална стратегија за млади. Стратешкиот документ има за цел подобрување на социо-економската положба на младите, создавање на средина која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите права, потреби и интереси.
На консултацијата во Велес присутни беа советникот на премиерот во Влада на С.Македонија за млади и младински прашања Ѓорѓи Тасев како иекспертите кои работат на подготовка на стратегијата, претставници на институции и меѓународни организации, како и претставници од формите на младинско организирање.
Првата драфт верзија на текстот на стратегијата веќе е објавен на ЕНЕР поточно електронскиот национален регистар на прописи на Република Северна Македонија. Секој млад човек може да се пристапи преку следниот линк: shorturl.at/eMRSV или преку Агенција за млади и спорт: shorturl.at/ehBNR, со што се отворени и дополнителни можности за коментари, прашања и сугестии во насока на креирање на стратешки документ по мерка на младите.
Сите заинтересирани граѓански организации кои работат со млади за дополнителни информации околу консултациите, може да се обратат на Гордана Цекова, помошник раководител на сектор млади, на следниот меил: [email protected].
Процесот на креирање на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) и Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) во рамките на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, финансиран од United Nations Peacebuilding имплементиран од страна на УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.
Убавка Јаневска