На 13 Ораторска вечер на Унија на млади сили победи Даниела Павловска од Скопје

Објавено на 25 октомври, 2023 во 15:52

На 13 Ораторска вечер насловена „Нашето име, историја и јазик се нашата светост“ којашто се одржа вчера вечер во големата сала на општина Велес, првото место го доби 18 годишната скопјанка Даниела Павловска. Нејзина конкуренција беа уште пет учесници од Велес, Скопје, Битола и Охрид. Павловска сподели дека чуствува огромна среќа за оваа награда и додаде дека е горда кога зборува на татковината Македонија и борците кои гинеле и се бореле за нејзината слобода.

Второто место на Ораторската вечер го доби Богдана Механджиска од Куманово, додека третото Андреј М. Петровски од Скопје.

Организаторите од Унијата за млади сили на ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека целта на оваа традиционална трибина е кај младите да ги пробудат длабоко чувствата за љубовта кон својата татковина, јазик и нација и за почитта кон  сите борци кои ги положиле своите живото за денешна слободна и независна  македонска држава.

Ораторската вечер беше посетена од голем број на граѓани.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.