На пеколните жештини велешани трошат 38 литри вода во секунда повеќе, во руралните средини поради полевање на земјоделски површини

Објавено на 15 јули, 2021 во 14:11
Фабрика за преработка на вода за пиење Велес

Зголемена е потрошувачката на вода за пиење како во Велес така и во населените места во општината. Ако во текот на месец јуни, година, просечната потрошувачка на вода за пиење од градскиот водоснабдителен систем изнесуваше 142л/сек , во изминативе дестеттина дена од месец јули се трошат до 180 л/сек.

Од ЈКП „Дервен“ рекоа дека причина за загриженост за можен недостиг од вода нема затоа што фабриката за вода континуирано се снабдува со сирова вода од хидросистемот „Лисиче“ во доволни количини. Но сепак, имајќи во предвид дека водата за пиење претставува скапоцен ресурс и дека треба рационално и одговорно да се троши, јавното комунално претпријатие апелира до граѓаните да не ја користат водата што е наменета за пиење за наводнување на земјоделските култури.

Вакви примери на трошење на водата за пиење за наводнување на земјоделски површини се пракса особено во селата Караслари, Горно Оризари , Сујаклари,  Сливник и во населба Отовица. Капацитетот на резервоарите за вода во овие населени места и во населбата не е предвиден за наводнување на земјоделски култури туку единствено за пиење и за потребите на домаќинствата.

Доколку водата за пиење се троши ненаменски, во овие рурални средини, можна е појава на недостиг од вода за домаќинствата, предупредија од ЈКП „Дервен“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.