На железничка станица во Велес уапсен кондуктер кој помагал при превезување мигранти

Објавено на 3 мај, 2023 во 11:06

Дваесет и осум годишниот кондуктер А.А. од Скопје, на 1 мај, во понеделникот, во 19:20 часот на Железничка станица Велес, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес.  Во воз којшто сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, биле пронајдени двајца мигранти од Сирија коишто при разговор со полициски службеници признале дека му дале пари на кондуктерот за да влезат во возот.

-Кај него биле пронајдени вкупно 1.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик. Претходно, околу 18.30 часот на Железничка станица Кукуричани, неготинско, во патнички воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ откриле две лица мигранти од Сирија, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Кондуктерот А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.