Не тргна утринскиот воз од Велес за Скопје, неизвесно сообраќањето попладне

Објавено на 3 јуни, 2024 во 10:53
Фото: Архива Дума.мк

Не заминаа работниците, учениците и студентите од велешката Железничка станица утрово со патничкиот воз за Скопје којшто според возен ред поаѓа во 6:27 часот. Локомотивата што го влече патничкиот воз се расипала вчера попладне откако тргнала од скопската железничка станица во 16:55 часот. Патниците со месечни билети утрово се снаоѓале со друг превоз за да стигнат навреме на работните места, училишта и факултети.

Тие не ќе можат ни да се вратат во Велес со возот кој поаѓа во 16:55 часот. Засега неизвесно е кога локомотивата ќе биде поправена.

Од Железничка станица Велес за Дума.мк ја потврдија информацијата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.