Неготинец физички ја нападнал невенчаната сопруга на која и се заканувал со нож
Објавено на 25 септември, 2024 во 18:46
Семејното насилство се случило ноќеска во 03:30 часот по што полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.У.(47) од неготинско село.
„Затоа што во семејниот дом тој физички ја нападнал неговата 34-годишна вонбрачна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет. Предметот бил одземен. С.У. бил задржан во полициска станица,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
По документирање на настанот против С.У ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк