Реконструирана водоводната мрежа низ шест улици во Неготино

Објавено на 24 март, 2016 во 14:17

Реконструкцијата на водоводната мрежа во Неготино се очекува ова лето да стави крај на рестрикциите на водата за пиење. Интензивно се работи на повеќе каде се менуваат старите цевки, на кои често се случуваа дефекти и граѓаните остануваа без вода.

Целосно нова водоводна мрежа добија улиците “Енгелсова“, „Ило Виларов“, „Душан Јуруков“, „29 ноември“, „Никола Петров“ и „Ленинова“. Овде е поставено водоводно црево од 10 бари и регулациони шахти. Од локалната самоуправа се оптимисти дека жителите од овие улици веќе ќе немаат проблеми со водоснабдувањето.

Во наредниот период ќе се менуваат цевките и на улиците „Ќиро Крстев“, „Ставре Ставрев“, „Ацо Аџи Илов“ и „12 ваташки другари“.

„Паралелно се работи и на изградба на нов резервоар со зафатнина од 500 м3 во селото Тимјаник. Водата од овој резервоар ќе се користи за жителите од високите зони во Неготино. Исто така се гради и резервоар за вода во селото Пепелиште“ информираат од општина Неготино./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.