Работилница за енергетска ефикасност!
Објавено: 24 јануари, 2013, во 09:26 часот
Неготино денеска е домаќин на општините од Вардарскиот плански регион.
Во Туристичкиот информативен центар во Неготино, ќе одржи прва работилница по повод имплементацијата на проектот “Изработка на тригодишни програми за енергетска ефикасност и годишни акциони планови за нивно спроведување”.
Овој проект покрај во Неготино ќе биде реализиран и во Кавадарци, Градско, Росоман, Лозово и Демир Капија. Имплементација на проектот ќе се врши од страна на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ во соработка со Центарот за развој на ВПР.
Основна цел на проектот е подобрување на енергетската ефикасност во единиците на Локалната самоуправа во Вардарскиот регион и подигнување на јавната свест за нејзиното значење.
