Кандидатот за градоначалник на Вмро Дпмне за Неготино Ванчо Апостолов ја промовираше својата изборна програма!
Нови дела за нови победи – нови дела за подобра општина Неготино, има наслов изборната програма на кандидатот за градоначалник на Вмро Дпмне, Ванчо Апостолов со која излегува пред неготинци на локалните избори.
На синоќешната промоција тој рече дека ќе се залага за развој на индустриската зона „Црвени Брегови”, проширување на индустриската зона „Дуброво”, за инвестиции и отварање на нови работни места, за отворање на дневен центар за стари лица, за станови за социјално загрозени семејства како и за понуда на плацови за изградба на стенбени објекти по прифатливи цени.
„ Во соработка со Владата на Република Македонија,Неготино активно ќе се вклучи и во гасификација на општината преку гасоводниот систем од Клечовце преку Штип до ТЕЦ Неготино со тоа ќе имаме еколошки чист енергенс и ќе се создадат услови ТЕЦ Неготино како главен и поевтин енергенс, наместо мазут како досега сега да користи гас,истакна Апостолов.
Апостолов се осврна и на најгорливиот проблем за неготинци решавање на проблемот со водоснбдувањето и ставање во функција на бунарите во селото Пепелиште со што ќе се добиела и технолошка вода.
– „За решавање на сообраќајните црни точки во градот и недостатокот од паркинг простор планираме изградба на паркинг простор во центарот на градот и два кружни тека а во неколку села ќе извршиме изградба, реновирање и преадаптација на простори за детски градинки“,посочи Апостолов.
Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ванчо Апостолов најави реконструкција на локалните и селските патишта согласно на програмата како и инвестиции и во образованието, спортот и културата./Б.Н.Т