Поранешен сопруг, нападна и со нож рассече жена!
Со исекотини по телото завршила триесет и едно годишната неготинчанка Б.П. откако рано утринава, во нејзиниот дом во село Црвени брегови, ја нападнал поранешниот сопруг.
Таа во болницата во Кавадарци била пренесена околу 2 часот. Од болницата велат дека жената е надвор од животна опасност.
„ Повредите се санирани. Станува збор за расекотини кои пациентката ги има здобиено од нож под левата мишка и левата надлактица. За среќа не се констатирани повреди на внатрешни органи со што би и бил доведен во ризик животот на жената. Состојбата засега е стабилна, таа е хоспитализирана на хирушкото одделение. Ќe ја задржиме на неколкудневно лекување и дополнителни испитувања“ рече д-р Дано Кулев, специјалист по хирургија.
Според изказот даден на полицијата од Б.П со поранешниот сопруг имала три деца. Таа се грижела за нив а таткото на децата ги земал на гости кај него во Кавадарци. Доцна синоќа го враќал едното дете кога му се случила кратка расправија со таксистот кој го возел. Потоа побарал Б.П да му повика друго такси возило и да му позајми пари за превоз за што се создала расправија помеѓу двајцата поранешни сопружници и завршила со шлаканици врз жената.Потоа разгневениот маж насилно влегол во куќата посегнал по ножот и ја разсекол Б.П на две места на телото.
СВР Велес ја потврди случката. Се работи на расветлување на случајот по што ќе поднесеме соодветна пријава, рече портпаролот Ненко Александров за Дума./Б.Н.Т