Три дена панаѓур во Неготино
Стопанско туристичката манифестација е традиционална и на неа учествуваат голем број на занаетчии и фирми. Тие продаваат свои производи по намалени цени од вообичаените. Градот го посетуваат голем број на гости претежно од од соседните градови и од регионот. Од годинава општината определи дополнителен број на паркинг места кои се користат во деновите додека се одржува панаѓурот.
– Сега се спроведува во дело одлуката која ја изгласаа советниците во Советот на општина Неготино. Во времениот сообраќаен проект се вклучени покрај вработени во локалната самоуправа и работници на неготинското јавно претпријатие „Комуналец”. Определени се осум локации на кои ќе може да се паркира. На улиците „Маршал Тито” и „Партизанска”, старата гимназија, во близина на основните општински училишта „Гоце Делчев” и „Страшо Пинџур”, рече Бранко Велјанов, комунален инспектор..
Сопствениците на автомобили ќе плаќаат по 50 денари а на комбиња или минибус по 100 денари за користење на паркинг местотот. На влезот во градот има редари кои ги упатуваат гостите на паркинзите каде има слободно место за паркирање.