Боеви гаѓања на полигонот Криволак
На армискиот полигон Криволак се извршуваат боеви гаѓања, поради тоа командата на полигонот ги предупредува жителите од реоните Брест, Караоџали, Кавлик, Кршковица, Козарник, Алајка, Бел Камен, Орлов Баир и Јокуш дека е забрането било какво движење.
Забраната ќе трае се до 30 септември, до кога ќе се извршуваат боевите активности.
“Во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во наведените реони. Исто така се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку бидат пронајдени такви средства да се обележат и да биде известена командата на полигонот или полициските станици Штип, Неготино, Кавадарци или Градско“ се наведува во соопштението од командата.
Стрелиштето на кое се извршуваат планираните гаѓања ќе бидат видно обележани согласно со Законските прописи на АРМ, како и обезбедени со физичко обезбедување. / А.Д