Донација за учениците во Кривилак и народната кујна во Неготино
Објавено на 26 септември, 2013 во 13:24
Претставници на АРМ и вооружените сили на Република Словенија денеска го посетија подрачното училиште во село Криволак каде на 80-тина ученици во училиштето им дадоа подароци.
Тие пак во знак на благодарност изведоа културно уметничка програма.
Успешната соработка што општина Неготино ја има со учесниците на воените вежби кои се одржуваат на воениот полигон Криволак беше заокружена со посета на Народната кујна каде што на корисниците на социјална помош исто така им беа поделени подароци обезбедени од страна припадниците на армиите на Македонија и на Словенија./Б.Н.Т