СДСМ Неготино го претстави новото раководство
На денешната прес конференција беше речено дека во тимот што ќе ја предводи организацијата во Неготино на едно место се младоста и искуството и дека просекот на возраста на членовите на Извршниот одбор изнесува 37 години.
Од ОО денеска ја испратија и следната порака.
-Општинската организација на СДСМ, во духот на младинската бунтовност, но и на искусните постапки, во соработка со вас, ќе гради политики исклучиво во интерес на граѓаните. Истовремено порачуваме дека остро ќе се спротивставиме на сите погрешни чекори на владејачката партија, а тие се многу“,порача портпаролот Диме Витанов.
За претседател на општинската организација на СДСМ во Неготино од страна на претседателот Зоран Заев е именуван Васко Стефанов.
На конференција потоа, со акламација, е избран новиот состав на Извршниот одбор кој во наредниот 4 годишен период ќе го предводи СДСМ во Неготино:Жаклина Тимова,Драги Минов,Јордан Шијаков,Лазар Најдов,Влатко Иванов,Пепица Ѓорѓиева,Тони Делков,Марина Димитрова,Петар Антиќ,Трајче Крстевски,Сашко Минов,Елеонора Настова Димова,Марина Бојаџиева,Даниела Ристова,Влатко Трајков,Димитар Милев ,Софија Кадиева и Петар Мантев
На прес конференцијата Витанов рече дека е во тек постапка за избор на претседатели на месните одбори, која се одвива на јавен, демократски и транспарентен начин, исто како и досега.
СДСМ се подмладува, се менува и СДСМ е подготвен да победува,порачаа од таму. /Б.Н.Т