Правата на потрошувачите претставени во Неготино
Организацијата на потрошувачи на Македонија и Министерството за економија, во Неготино ги презентираа правата кои ги имаат потрошувачите и како тие да ја препознаат нечесната пазарна пракса.
На семинарот се говореше и за унапредување на знаењата и алтернативните форми за решавање на споровите во согласност со законската регулатива.
Претставниците на Министерството за економија и ОПМ извршија презентација на предлог- Законот за медијација, а пред присутните беа претставени брошурите на тема-„Потрошувачите и нвините права при организирани туристички патувања“, „Кои се правата на потрошувачите во договорите за потрошувачки кредити“ и „Нечесна пазарна пракса и како да ја препознаеме“.
На семинарот учество зедоа и експерти од Министерството за правда, Министерството за здравство, Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за животна средина, бизнис оператори и Здруженија на граѓани.