Се подновува уличното осветлување во Неготино
Во Неготино паралелно се работи на поставување на ново улично осветлување, но и одржување на постојното, со цел да им се одговори на барањата на граѓаните за квалитетно осветлување во ноќните часови.
На ул. Индустриска каде што немаше осветлување, беа поставени вкупно 28 нови канделабри со 125 ватни светилки. Се покри простор во дожина од над 1 километар. За овој проект општината потрошила 1.800.000 денари, пари обезбедени од буџетот.
Ново улично осветлување е поставено и во селото Криволак, на потегот од мостот до центарот на селото во должина од 550 метри. Овде се поставени 15 натриумови светилки во вредност од 400.000 денари.
Општината проект за улично осветлување реализираше и во селото Војшанци каде на потег во должина од 765 метри се поставени 16 натриумови светилки и 3 бандери за 19 нови сијалични места. Овој проект има за цел да го подобри осветлувањето низ улиците на селото, велат од локалната самоуправа. Вредноста на изведените работи изнесуваше 450.000 денари./A.Д