Саем за вработување во Неготино
Многу млади луѓе од Вардарскиот регион денеска за прв пат ги доставија своите апликации до работодавачите. Се пишуваа CV, мотивациони писма за работа . Сите беа со надеж дека ќе можат да го имаат своето прво вработување во една од локалните компании коу чествуваа на саемот за вработување во Неготино. Се посетуваа штандовите на работодавачите, а се слушаше и нивната понуда за работа.
Овој саем за вработување за прв пат се одржува во Вардарскиот регион, со свои штандови учествуваат околу 50 компании,а целта е да се помогне при доближувањето на компаниите до граѓаните, како и преглед на побарувачката и понудата на пазарот на труд.
„ Се надевам дека од овој саем ќе имаме многу осветлени иднини на многу граѓани бидејќи 42 компании од Вардарскиот регион се појавија на саемот за вработување кој што за прв пат е организиран во овој дел од Македонија. Паралелно со саемот ќе имаме инфо средба со млаљди луѓе, мал форум со работодавачите и мотивациона обуика за сите оние кои што бараат работа.“ рече директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.
Градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов во изјавата за медиумите нагласи дека бројот на невработени во Неготино е значително намален. Во моментов активно работа бараат 1300 лица./A.Д