Воз прегази уште еден емигрант
Објавено на 2 ноември, 2014 во 14:52
Несреќата се случила вчера вечер во близина на железничката станица во Неготино. Таму животот го загуби 56 годишен емигрант од Сирија. Несреќниот човек бил дел од група бегалци кои се движеле по пругата во правец кон Скопје. Само тој не успеал да го избегне ударот од возот што околу 18.15 часот сообраќал од Гевгелија кон Скопје.
По пријавата за несреќата на лице место увид направила екипа на полицијата и јавен обвинител кој наредил да биде извршена обдукција над телото на починатиот Сириец.
Завчера во несреќа што се случи во близина на станицата во Згрополци, на истата железничка пруга, загина емигрант од Авганистан на возраст од 22 години./Д.С