Неготино објави продажба на нови парцели во индустриската зона
Со намена за лесна и незагадувачка индустрија и за стоваришта, Неготино објави продажба на градежно земјиште сопственост на државата. На овој начин продолжуваат заложбите за привлекување на нови инвеститори, вели градоначалникот Ванчо Апостолов.
Продажбата ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање, а станува збор за продажба на 7 градежни парцели на вкупна површина од близу 8 хектари со почетна цена на продажба на метар квадратен од 61 денар, како и продажба на една парцела за индивидуално домување на површина од 437 метри квадратни и почетна цена од 373 денари по метар квадратен.
За овие парцели на јавното наддавање можат да учествуваат сите сите заинтересирани правни и физички лица, а пријавите можат да ги доставуваат до средината на декември, а лицитацијата ќе се одржи на 22 декември .
Инаку, досега во Индустриската зона Неготино во близина на Црвени Брегови општина Неготино има продадено градежни парцели на површина од околу 18 хектари./A.Д