Во пожар изгоре магацин на неготинската фабрика „Копер“

Објавено: 16 декември, 2014, во 09:58 часот

Пожарот се појавил синоќа, околу  21.00 часот,  во магацинскиот простор за готов производ на фабриката „Копер“ во неготинското село Криволак. Огнот изгоре голем број дрвени палети и покривната конструкција на халата како и разни предмети внатре во халата.

Час и половина огнот го гаселе пожарникарите од Неготино и вработени од фабриката. Пожарот бил локализиран  во 22,30 часот .

Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.  Во текот на денешниов ден ќе се превземат мерки за утврдување на причините и целосно расветлување на настанот, информираа од СВР Велес /Д.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.