Загина Штипјанец на автопатот кај ТЕЦ Неготино
Педесет и шест годишниот Илчо Д. од Штип го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. Несреќата се случила на автопатот Демир Капија-Неготино, поточно кај ТЕЦ Неготино, во раните утрински часови кога патничкиот автомобил марка „цитроен ксантија“ со кој управувал штипјанецот излетал на десната страна од коловозот и тој починал на лице место.
Се уште не се знаат причините кои довеле до несреќата ниту точното време кога настанала. Во полиција била пријавена утрово во седум часот и петнаесет минути. Според првичните сознанија најверојатно несреќата настанала поради недржење страна и правец на движење.
Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на неговата фамилија. Анализите од увидот ќе треба да ги утврдат причините за сообраќајната несреќа./Д.С