Три дена превентивна дератизација во Неготино

Објавено: 30 март, 2015, во 14:18 часот

Вo Неготино од денеска се започна со вонредна дератизација , согласно препораките на комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Целта на оваа активност, како што информираат од локалната самоуправа е превентивно да се делува против туларемија.

Со акцијата се опфатени околу 900 ревизиони шахти и  подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните шахти во градот како и во населените места каде постојат ризични жаришта со можност од глодари. Исто така, со оваа активност ќе бидат опфатени пропишаните заштитни зони околу каптажите и резервоарите кои служат за снабдување со вода на населението. Ќе се чистат и заштитните зони околу изворишните подрачја со цел заштита од контаминација од глодари, а превентивна систематска дератизација ќе се изврши и на јавно прометните површини и зеленилото. Ќе биде опфатена и на депонијата Бучето“, информираа од локалната самоуправа.

Превентивна дератизација е потребно да извршат и јавните установи во општината. Дератизацијата ќе ја реализираат стручни лица  од Центарот за јавно здравје од Велес , а планирано е истата да се  заврши за три дена. /А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.